Корени и остатоци од дрвја стари 5000 години, беа откриени на плажа во Борт, Западен Велс, откако силна бура буквално го разнесе брегот. Праисториската шума веројатно потекнува од Бронзеното доба, а нејзините траги се покажале откако бурниот ветер оддувал дебели слоеви на тресет.
Шумата пред климатските промени се протегала километри по должината на брегот меѓу Борт и Инислас, а порастот на морето дополнително ја уништил и проголтал. Подоцна таа била закопана под слоеви од тресет и песок. Престанала да расте пред околу 5000 години. Археолозите знаеле за постоењето на шумата и пред бурата да ги изнесе нејзините остатоци на виделина.