Ограничени маржите на училишниот прибор

Според мерката, со замрзнати маржи од 5 отсто во големопродажба и 10 отсто во малопродажба ќе се продаваат тетратки, ранци, боици, пластелин, фломастери, маркери, мрсни, акрилни и водени бои, четки, линеари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, ножици, футроли, шестари, дигитрони, компаси, табли, креди…

На еден ден по почетокот на учебната година, Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржите на училишниот прибор. Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, по денешната владина седница на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Според мерката, со замрзнати маржи од 5 отсто во големопродажба и 10 отсто во малопродажба ќе се продаваат тетратки, ранци, боици, пластелин, фломастери, маркери, мрсни, акрилни и водени бои, четки, линеари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, ножици, футроли, шестари, дигитрони, компаси, табли, креди…

Одговарајќи на новинарско прашање дали смета оти мерката е задоцнета, со оглед на тоа што голем дел од родителите веќе ги имаат снабдено своите деца со училиштен прибор, премиерот вели оти не е задоцнета бидејќи се реагирало навреме, по констатација на состојбата со цените на приборот во малопродажбата.

„И на мене неми паѓа напамет дека некој производ којшто има увозна декларација од 50 денари да се продава по 120, 150 или 180 денари. Откако тоа се увиде, на денешната седница се донесе оваа мерка и убеден сум дека ќе заштеди најмалку половина од буџетот на семејствата. Да, има и такви кои веќе обезбедиле дел од училишниот прибор, но во периодот што следува ќе имаме и други вакви мерки кои ќе значат заштита на есенската кошничка, потоа може да биде зимска итн. Континуирано ќе се ажуриаат мерките и производите коишто ќе се најдат како составен дел на тие мерки бидејќи стандардот на граѓаните ни е пред и над сè“,

изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Ваквиот тип на мерки, како што оцени премиерот, се во директна спротивност со политиките на претходната влада која, според него, дозволила големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.

- Реклама -