„Огнените“ од ДУИ бараат да имаат свој претставник во групата за уставни измени и бришење на формулацијата „20 отсто“

„Имајќи во предвид дека евро-атлантските интеграции за нас претставуваат приоритет над приоритетите, сакаме да истакнеме дека цврсто ги подржуваме уставните измени.

Следствено, сакајќи во овој процес да имаме активна, а не само набљудувачка улога. Иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската Унија за Интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети“, соопшти денеска „огнената“ фракција на ДУИ, предводена од Изет Меџити.

„Повторуваме, непоколебливо ја подржуваме иницијативата за уставни измени, процес кој би отворил нова перспектива за земјата на патот кон интеграција во ЕУ, почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на формулацијата ’20 проценти’ од Уставот во однос на албанскиот јазик“, се потенцира во соопштението.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик

„Го покануваме целиот албански политички фактор да се произнесат за оваа битна тема, да ја поддржат оваа иницијатива и да бидеме обединети во овој став, бидејќи со ова се отвора ново поглавје во нашиот пат кон ЕУ, но исто така се поправа и една дво-децениска неправда кон албанскиот народ во Република Северна Македонија“, додаваат „Огнените“.

- Реклама -