На околу 80 километри југозападно од Анталија, во југозападниот дел на Турција, се наоѓа карпеста планина, која буквално исфрла оган. Овој феномен се случува во текот на илјадници години. Појавата се должи на метан кој избувнува во пламен, откако ќе помине низ отворите во карпите, а феномен е наречени Yanartaş на турски.
Во текот на стотици години морнарите виделе пламен од морето и верувале дека се работи за божество . Според легендата од оваа планина се раѓа митот за Химера – митско огнено животно кое што се среќава во грчката митологија.
Пожарите се распламнуваат на површина од 5000 квадратни метри и се одржуваат поради емисиите од гасовите метан и водород – и двата лесно запаливи. Пламенот е поинтензивен во зима, но гори и во текот на годината.