Оглас за „авантура“: Работа на остров, обезбеден двособен стан и недопрена морска природа

„Замисли да работиш на остров, да имаш обезбеден двособен стан на цела година додека работиш, а згора и плата. Во пакет одат и сонце, море и недопрена природа“…

Сè што треба е да се одлучите на авантура и којзнае, можеби ќе ви се посреќи.

Се работи за оглас за работа на островот Сеструњ во Јадранското море, дел од Задарскиот архипелаг во северна Далмација, Хрватска. Островот има површина од 15 километри квадратни и само 48 жители (според податоците од 2011-та година).

Огласувач е локалниот совет на островот, а бара лице кое ќе работи како трговец во продавница со мешовита роба, дел од локален трговски ланец. Огласот е објавен пред неколку часа, а ќе трае сè додека не се најде работник.

Ако сакате да си ја пробате среќата, испрате и-меил на mo.sestrunj@preko.hr, или пишете порака на Фејсбук страната на островот – ТУКА.

 

- Реклама -