И официјално утре нема да има X factor

Утре наместо емисија во живо на X factor, ќе гледаме специјална емисија „ Запознај го својот фаворит“, поради тоа што меѓу натпреварувачите владее епидемија на грип.
„За жал, епидемија на грип во моментов владее во „Икс Фактор“. Планиравме пауза која требаше да се случи по половината на емитувањето на емисијата во живо, само го поместивме за овој вторник кога ќе го прикажеме „Икс Фактор Специјал“ кој според правилата служи гледачите максимално да ги запознаат натпреварувачите. Се приближуваме кон финалето и вистински момент е да направиме пресек на нивните досегашни настапи, изјави и впечатоци кои на сите нас ги оставиле. Менторите се врзаа за своите штитеници, напорно работат со нив и тагуваат кога некој ќе го напушти шоуто. Но тиа добро ги познаваат, а време е и гледачите максимално добро да го запознаат нашите млади идни ѕвезди и така да одлучат на кого ќе му ја поверат музичката сцена на целиот регион“, стои во соопштението на продукцијата.

- Реклама -