Официјално, Роналдо договори трансфер во Јувентус вреден 150 милиони

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид од следната сезона ќе игра во Јувентус. Денеска од кралскиот клуб ја потврдија веста која се шпекулираше веќе извесно време, дека Роналдо заминува во Торино.

Трансферот на Роналдо во Јувентус чини 105 милиони евра, додека годишната плата му изнесува 30 милиони евра. Ова е второ заминување на важна фигура од екипата на Реал Мадрид. Имено, веднаш по освојувањето на титулата во Лигата на шампиони, Зинедин Зидан поднесе оставка од позицијата тренер клубот.

Со Роналдо во своите редови, Реал Мадрид има постигнато 16 титули, а тој, носејќи го белиот дрес, постигнал 450 голови.

- Реклама -