Денеска, попладне целата држава ќе виде зафатена од големо невреме, кое ќе наликува на вчерашните бурни 30 минути во Скопје, официјално известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според нивните сознанија, се очекуваат поројни дождови, силен ветар, грмежи, а на одредени места и град.
Вчера дуваше ветер со брзина од 70 километри на час во главниот град.
За кратко беа измерени 37 литри дожд на метар квадратен.