Официјално: Ова е долгоочекуваниот HTC One M9 + двете изненадувања

HTC штотуку го претстави својот најнов предводник One M9 на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

На сцената застанаа извршниот директор Питер Чоу и Дру Бамфорд – директорот во одделот за дизајн. Двајцата заедно разговараа за иднината на HTC и како што тие сами се изразија, иднината на технологијата како целина. Пред тоа сепак, специјален рекламен клип со гласот на Роберт Дауни Џуниор послужи за почеток на настанот под наслов Utopia in progress .

Сепак да се фокусираме на најновиот смартфон. Како што знаат многу од вас, компанијата се држи до стилот и безбедноста, а One M9 повторно е изработен од алуминиум. Задниот дел е убаво полиран, а страничната рамка е во забележливата златна боја.

Од карактеристиките можете да очекувате Full HD 5-инчен 1080p LCD дисплеј, 64-битни 8-core Qualcomm Snapdragon 810 процесор и 20 мегапикселна задна камера, вклучувајќи ја последната BSI технологија. HTC ветува толку длабоки детали при снимањето, што ќе помислите дека фотографиите се фотографирани со DSLR фото апарат.

Кон спецификациите на новиот предводник влегуваат уште 3GB RAM, 2840mAh батерија, 32GB внатрешна меморија (од кои ќе се добијат околу 21GB за употреба), со тоа што во дополнувањтаа има опција и за microsSD картички. Една од главните промени е предната камера, која е веќе 4-мегапикселна UltraPixel.

htc one m9 promo7

Софтверот исто е ветувачки – HTC One M9 доаѓа со најновата верзија кориснички интерфејс Sense 7. Како што објасни Бамфорд, оваа паметна технологија ќе ви ги прикажува соодветните ресторани, ако сте на непознато место, ќе имате можност да го промените целосно дизајнот на екранот, на начин кој ви е удобен. Само преку фотографија на нешто убаво, Sense 7 ќе избира соодветни бои за да стави соодветна позадина и спектар на бои на иконите.

Галеријата за слики е исто така подобрена – ако изгубите некоја слика низ сите свои профили на социјалните мрежи, можете да ја побарате таму. Gallery ќе ги обедини сите слики од профилите, а функцијата Image Match има можност при фотографија на едно лице да ви  ги покаже сите други негови слики и да ги комбинирате во еден албум.

Покрај сето ова, од HTC работеле заедно со Dolby Digital, за да обезбедат уште покристален звук од предните стерео звучници на One M9. Тука тие веќе располагаат со 5.1-канален опкружувачки звук со трговската марка Boomsound на компанијата. Индицирана беше и новата генерација HTC Dot View футрола со малку нови и пријатни можности, како играње игри или “цртање” на пораки по екранот.

Смартфонот ќе биде достапен во неколку бои – сребрена со златно, розова, сребрена и темно сива боја.

htc-one-m9-announce-fullbleed

2

Виртуелната реалност со Vive

Заедно со HTC One M9 и HTC Grip, компанијата објави и нов проект кој го носи името Vive. Како што знаете, виртуелната реланост е иднината на технологијата и начинот на кој ќе добиете интеракција со животната средина. HTC можеби малку заостана од Samsung и останатите, но сепак се вклучи и во оваа игра, заедно со Valve.

„Ние веруваме дека виртуелната реалност целосно ќе го промени начинот на кој комуницирате со светот. Виртуелната реалност ќе стане една од главните технологии за остатокот од светот “, беа зборовите на Питер кога го верификуваше Vive. Уредот ќе биде достапен за потрошувачите малку подоцна оваа година, но прецизни датуми не беа споделени. Vive ќе биде насочен основно кон игрите и ќе предложи уникатно  искуство, но исто така ќе нуди и други услуги кои ќе бидат во партнерство со HBO и Google.

Vive предлага 90Hz брзина на освежување и 360-степен агол на гледање. Компанијата вели во соопштението до јавноста дека тоа е првиот уред што може да понуди “full room-scale” искуство, овозможувајќи ви да се исправите, да се шетате и да проучите виртуелниот простор, да ги разгледате објектите од секој агол и навистина да комуницирате со животната средина. Од HTC додадоа дека “Vive е исто така многу лесен, можете да го носите долго време, без чувство на замор.”

HTC-Vive-event HTC-Vive-event-4 HTC-Vive-picture

Grip – првиот носечки уред на HTC

Џеф Гордон вети дека ќе има изненадувања од HTC на овогодинешниот Светски мобилен конгрес.

Не го видовме сето она што се шпекулираше за One M9 Plus, но за сметка на тоа тајванската компанија конечно стави крај на чекањето за носечки уред, претставувајќи го првиот производ во оваа категорија – HTC Grip.

Сите очекувавме паметен часовник со Android Wear, но наместо тоа добивме фитнес тракер со GPS, кој е развиен во соработка со Under Armor, чиј што систем UA Record ќе биде користен за следење на различни физички активности на корисникот.

HTC Grip е со црна завршница и заоблен дисплеј. Може да се каже дека овој уред е хубрид меѓу Nike FuelBand 2 и Microsoft Band. Grip доаѓа со пет сензори кои ќе соберат информации за вашето вежбање. Еден од нив е GPS кој секогаш ќе биде корисен за оние  кои трчаат редовно. Режимот “multi-sport” ќе може да следи неколку различни активности – од трчање до возење велосипед.

„Едноставно кажано, Grip ќе ве тренира како да имате цел тим од професионални тренери до вас цело време”, изјави главниот извршен директор на HTC, Питер Чоу.

Денеска е во тек еден од најголемите настани во светот на технологијата „Mobile World Congress“.

По претставувањето на најновите гаџети од HTC, во исчекување сме на уште многу големи лансирања на пазарот. Продолжете да не читате и да бидете во тек со најголемите вести од светот на технологијата.

1

- Реклама -