Официјалната истрага потврди дека хеликоптерот на иранскиот претседател Раиси се урнал поради лоши временски услови

Во извештајот се нотира и дека не постојат докази дека хеликоптерската несреќа била предизвикана од саботажа

Неповолните климатски и атмосферски услови се официјалната причина за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси и седум лица, меѓу кои и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан кон крајот на мај годинава. Во завршниот извештај на официјалната истрага на Врховниот комитет на Генералштабот на вооружените сили на Иран се нотира дека главна причина за падот на хеликоптерот биле сложените климатски услови во регионот на несреќата.

Ебрахим Раиси / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

„Причина за падот е ненадејната појава на густа магла која се подигнала кога хеликоптерот се урна. Дополнително, не се најдени докази на саботажа“,

стои во извештајот.

Хеликоптерот во кој се превезувал иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урна додека минувал планински терен во густа магла на враќање од посетата на границата со Азербејџан кон крајот на мај годинава. Инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Ебрахим Раиси се сметаше за потенцијален наследник на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи.

- Реклама -