Одвратно, ама импресивно: Како работат комарците

Комарците се мали, ама навистина ефикасни машини за цицање крв. Тенката цевка што што инсектот ја инектира во кожата, наречена пробасцис, е всушност составена од шест различни игли кои работат тимски на тоа да ја екстрахираат крвта од телото. Истовремено е и одвратно, и фасцинантно.

Првите две игли работат налик на заби. Имаат мали нерамини и испакнатости на краевите, кои му помагаат на комарецот да ја продупчи кожата. Вториот пар игли функционираат како клешти за време на извлекувањето на крвта, држејќи го ткивото на кожата раздвоено, за да му овозможат на последниот пар игли да си ја завршат работата. Меѓу овие игли постои и таква што има улога на радар што открива каде се крвните садови, детектирајќи ги хемикалиите што ги оддаваат. Од нив потоа ја цица крвта.

 Последната игла е баш кретен: во нашите крвни садови инектира хемикалии што го стимулира крвотокот (за да биде доставена повеќе крв во садот). Tаа е заслужна и за иритирачките испакнати белези кои комарецот ги остава откако ќе се наполни и избега. Но, пред тоа, комарецот сака да исцица што е можно повеќе, па ги исфрла сите вишок течности што ги содржи нашата крв, и тоа на нашата кожа. Прекрасно…

Water droplets

Сите овие игли потоа се собираат во заштитна, флексибилна обвивка, наречена лабиум.

Токму ова е процесот што ги прави комарците заразни. Кога ни пијат од крвта, тие оставаат и траги од нивната сопствена плунка. Таа може да содржи вируси, кои тогаш ќе навлезат во нашите крвни садови, предизвикувајќи опасни болести како денга, западно нилски вируси, Зика и чикунгуња.

Со среќа сезонава.

- Реклама -