Одложено е изрекувањето на пресудата за Трамп во случајот со тајни исплати на порноактерката

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со тоа намалувајќи ја веројатноста федералната кривична постапка против Доналд Трамп да продолжи пред изборите во 2024 година

Доналд Трамп, еден од кандидатите за иден претседател на САД на нема да биде осуден за прикривање на исплата на тајни пари до септември, одлучи денеска судот во Њујорк, откако Врховниот суд досене одлука дека тој како поранешен претседател има одреден имунитет, пренесува Си-ен-ен.

Изрекувањето на пресудата на Трамп беше закажано за 11 јули годинава.

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Судијата Хуан Меркан рече дека на поранешниот претседател ќе му биде изречена казна на 18 септември годинава.

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со тоа намалувајќи ја веројатноста федералната кривична постапка против Доналд Трамп да продолжи пред изборите во 2024 година.

Според адвокатите на Трамп, пресудата за скандалот со тајните плаќања на актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена, бидејќи поротата видела докази за време на судењето за кои веруваат дека требало да бидат заштитени со претседателски имунитет.

Против поранешниот претседател се поднесени уште три обвиненија, но тие судења не се очекува да се одржат пред изборите во ноември. Трамп се изјасни за невин и за тие случаи.

Реагирајќи на пресудата пред судот во Њујорк, поранешниот претседател Доналд Трамп за „Ројтерс“ изјави дека не ја прифаќа одлуката, т.е. дека е невин и дека вистинската пресуда народот ќе ја донесе на 5 ноември.

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера пред изборите во 2016 година. Тие пари во документите ги претставил како трошок за адвокат. Поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен сведочел дека тој лично ги вршел исплатите на Даниелс.

Во тужбата, исто така, се наведува дека тој ширел лажни тврдења за изборни измами, планирал да регрутира лажни избирачки списоци, вршел притисок врз претставниците на американското Министерство за правда да отворат лажни истраги за изборни измами и вршел притисок врз неговиот потпретседател Мајк Пенс да ја попречи конгресната потврда за победата на Џо Бајден.

- Реклама -