Одлична торта од палачинки

Постои ли човек кој што не сака палачинки? Поради тоа, оваа торта е една од најдобрите.
Состојки:

Класично тесто за 20 палачинки

За фил:

2 шолји млеко

Лажица екстракт од ванила

6 жолчки

1/2 шолји шеќер

1/3 шолји густин

3 и пол лажици путер.

Подготовка:

Палачинките згответе ги во тавче, овој пат можат да бидат и малку подебели од вообичаеното, оставете ги на страна добро да се оладат, а вие во меѓувреме подгответе го филот.

Загрејте млеко на шпорет само малку да се загрее, тргнете го од шпоретот и измешајте екстракт од ванила, оставајќи го да отстои 10 минути.

Во друг сад измешајте жолчки, шеќер и густин, па полека додавајте млеко постојано мешајќи со лажица. Кога ќе го измешате сето тоа добро вратете го филот на шпорет и оставете го да проврие на тивок оган, и понатаму постојано мешајќи. Филот ќе се згусне за 1-2 минути, а потоа тргнете го од оган, веднаш додадете путер и пресипете во плиток сад да се лади, прво на собна температура, а потоа во ладилник.

Кога филот ќе се олади помешајте го со изматена слатка павлака и мешајте електричен миксер додека не добиете лесна и свиленкаста крема.

Сега дојде време за составување на тортата.

Ставете ги палачинките на послужавник, премачкајте со тенок слој фил и повторете ја постапката на секои 20 палачинки. Посипете шеќер во прав или прелејте со слатко шумско овошје или рибизли, свежо овошје и оставете да се олади.

Напомена: Наместо класичен фил, можете да користите фил од слатка павлака со додавање на некое овошје, или едноставно да додадете рендано чоколадо.

- Реклама -