Одличен рецепт за Цезар салата

Цезар салатата е една од најпопуларните салати во светот.

  Состојки:

1 глава марула

исецкани домат и краставица

500 г.  печено  пилешко

4 парчиња леб

4 лажици маслиново масло

Потоа:

1 лажица сенф

1 лажица оцет

2 лажици мајонез

кромид (по желба)

1/2 чаши маслиново масло

сол

бибер

сок од лимон

Начин на подготовка

Салатата исчистете ја и исецкајте во голем сад. Додадете ги исечканиот домат и краставица, како и  пилешкото, претходно исецкано на коцки. Тенко исечете го кромидот и ставете го во салатата. Лебот исто исечете го на коцки и запржете го на маслиново масло, па додадете го во салатата. Сите состојки од делот „Потоа“ измиксајте ги во блендер. Посипете ги по салатата и добро измешајте.

- Реклама -