Одличен домашен пилинг од мед за нега на стапалата

Летото веќе може да се почувствува, па се почесто се наоѓаме во ситуации кога треба да облечеме лесни, отворени обувки. Секако, и без овој повод, од време на време потребно е да се направи пилинг на стапалата.

Особено после носењето на неудобни обувки кои дополнителни ги уништуваат. Еве како да направите природна маска од мед и кокосово масло за вашите стапала:

Состојки:

1/4 шолја кафеав шеќер
2 лажици кокосово масло
2 лажици мед
3 капки масло од нане

Подготовка: Сите состојки добро промешајте ги и со нив нежно триете ги стапалата. Исплакнете ги со топла вода и добро исушете ги. Доколку не ја истрошите сета смеса одеднаш, ставете ја во сад со капаче и искористете ја во рок од месец дена.

- Реклама -