Оџи и попови ги предводеа тетовчани на протестот против коцкарниците

Граѓаните на Тетово, предводени од движењето „Антикоцкање“, а поддржани во првите редови и од свештеници на Тетовско-гостиварската епархија и од Тетовското муфтиство на Исламската верска заедница, денеска излегоа на градскиот плоштад за уште еднаш да го кренат гласот против овој „верски грев“ и „зло што ги напаѓа душите на младите“. Свештени лица одржаа и говор, во кој побараа заедничка борба против овој порок од сите релевантни фактори во општеството.

 

На протестот присуствуваше и градоначалничката на Тетово Теута Афифи со дел од општинската администрација.

Од „Антикоцкање“ бараат преку амандмани да се промени Законот за игри на среќа, сите објекти за игри на среќа да се дислоцираат на 3 километри оддалеченост од секое населено место (слично нешто стапува во сила од 1. јануари во Албанија), од добивката од игрите на среќа да се издвојуваат 5% за рехабилитација на жртвите на коцкањето, но и да се развие национална стратегија во образованието со која ќе се укажува на општествената штета од коцкањето.

Интересот на граѓаните секогаш треба да биде над интересот на мафијашките кланови или политичките кругови“, изјави Џемал Абдиу од „Антикоцкање“ во обраќањето.

Повеќе на СДК и Макфакс.

 

- Реклама -