Ах, таа љубов. Вечна тема за умовите на големите филозофи, а двајца научници, наводно, пронашле начин на кој можете да си ги објасните своите чувства, доколку не сте сигурни во нив.
Одговорете на овие две прашања. „Дали сметате дека би биле посреќни доколку не сте во врска со вашиот партнер?“ и „Што мислите, како тој би одговорил на истото прашање?“
На овие две прашања одговориле 4.242 двојки, а студиите биле предводени од страна на Лора Фридберг и Стивен Стерн од Универзитетот во Вирџинија, и тоа пред шест години.
Нивните одговори биле споредени со нивниот денешен емотивен статус, по што добиле интересни резултати.
Само 40 проценти од испитаниците ги знаеле емоциите на своите партнери, и овие двојки се и денес среќни. Погрешното толкување на чувствата на партнерот може да биде прилично непријатно, судејќи според мислењето на професорот Стерн.
„Доколку сметам дека мојата сопруга е среќна во бракот со мене, несвесно ќе очекувам од неа и понатаму да се труди. Но, доколку таа е всушност незадоволна, ваквата постапка ќе ја натера да размислува на развод“, објаснил професорот.
Според резултатите на овие студии, повеќето луѓе не се грижат за мислењето на своите партнери и го земаат здраво за готово. Професорот Стер смета дека куќните обврски би требало да бидат рамноправно распределени, и да се поминува повеќе време заедно со партнерот за да се одржува љубовта во живот.