Одгледувачница на радикален ислам

Франција е државата со најмногу муслимани по глава на жител, но и со најмногу жители кои што се приклучија кон редовите на ИСИС во Сирија.

Според француските антитерористи, времето во затвор има клучна улога за идните џихадисти.
Според француските антитерористи, времето во затвор има клучна улога за идните џихадисти.

Во септември премиерот најави дека 1800 француски државјани се вклучиле во џихадистичката мрежа во светот. Речиси сите од нив биле привлечени како учесници во сириската војна.

Девет месеци подоцна министерот за внатрешни работи, Бернард Казнeов посочи дека 185 борци се вратиле од Сирија во Франција – oд нив 82 биле во затвор, а 36 биле ставени под други форми на судска контрола.

Зошто сепак толку многу терористи доаѓаат токму од Франција?

Во утробата на најголемиот затвор во Европа пред 10 години завршува крупен маж осуден за вооружен грабеж. Тој има 20-тина години и е сместен во ќелија под онаа на искусен џихадист. Помладиот маж израснал во предградие во близина на затворот – уште еден разочаран млад муслиман, изнемоштен од сиромаштија во предградието на француската престолнина.

“Се запознав со многу криминалци во затвор … крадци, шверцери со дрога”, вели тој подоцна. Запознал и терористи, но единствениот кој му оставил силен впечаток бил Алжирскиот џихадист во ќелијата над неговата. На 17 години, тој бил држен во изолација, но и покрај тоа двајцата успевале да разговараат.

“Единствената причина да одржувам контакт со него (откако и двајцата биле ослободени) не е религијата. Тоа е фактот дека како човек, тој ме допре “, рече младиот маж.

Името на младиот човек е Амеди Кулибали – човекот одговорен за убиството на четворица заложници во еврејска продавница во Париз на 9 јануари оваа година. Тој беше убиен при инвазијата на полицијата во продавницата.

Џихадистот од ќелијата над неговата е Џамал ​​Бегај – уапсен во 2001 година поради планирање на напад врз американската амбасада во Париз. Тој имал влијание и врз друг затвореник – Шериф Куаши, кој заедно со својот брат Саид ја нападнаа екипата на сатиричниот весник “Charlie Hebdo”.

isil-raka-foto-ap-1424692970-619445

Според француските антитерористи, времето во затвор имало клучна улога за идните џихадисти.

Животот зад решетки дефинитивно има значење за нападите и ја поткрепува загриженоста дека европските затвори станаа центар за регрутирање на ладнокрвни исламисти.

Со оглед на тоа  потребата на земјата да и се спротивстави на радикализацијата зад решетки е дури уште поголема.

Една од можностите кои се дискутираа по нападот во “Шарли Ебдо”, е да бидат поделени затворениците – крајните исламисти од останатите, за да ги заштитат од изложеност на доктрината на радикалниот ислам. Експертите сепак се поделени во своите позиции во врска со ефектот на радикализацијата во затворите и како треба да и се спротивстават.

Според некои изолацијата би била проблем, бидејќи ќе создаде терористичка ќелија внатре во затворот и можност за напади откако затворениците ќе излезат по одлежувањето на казната. Иако така тие нема да ја пренесуваат „идеологијата“ на други затвореници, во моментот во кој ќе бидат пуштени на слобода, тие мора да бидат ставени под надзор.

Ова сепак е тешка задача – бара ресурси за набљудување на стотици поранешни затвореници и дури повеќе – зависи од тоа колку широка дефиниција даваат властите за “радикален” ислам.

За да биде ставен под набљудување француски државјанин, се потребни 25 агенти кои ќе одржуваат постојан мониторинг. Зголемувањето на бројот на луѓето кои треба да бидат следени и оптоварувањето на агентите делумно беше и причина да пропадне следењето на браќата Куаши одговорни за атентатот во “Шарли Ебдо”.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Ќе бидат потребни илјадници агенти, за да бидат следени сите над 1.000 Французи, за кои се претпоставува дека учествуваат во војната во Сирија.

Франција едноставно не располага со таков ресурс.

Фактот дека едниот бомбаш од петокот и бил познат на полицијата, е индикатор колку е тешко да се следат сите овие луѓе.

Другиот пристап кој важи за Велика Британија и други влади – е да се обидат да избегнат сегрегацијата и да се надеваат дека преку мешање со други затвореници, радикалните ќе се откажат од насилството.

И двата пристапа сепак не успеваат.

_47158014_prophet466

Што се случува во француските затвори?

Казната во Франција ја отслужуваат над 67 000 лица, а околу 50 100 од нив се муслимани. На национално ниво муслиманите се околу 8 проценти од француското општество. Иако секуларната традиција на Франција не дозволува собирање на информации за верските убедувања на затворениците, експертите се согласуваат дека бројките се приближно точни.

Околу 300 лица се приведени за тероризам, половина од нив се класифицирани како опасни исламисти, а 60 од нив се сметаат за особено опасни.

Аналитичарите дури веруваат дека исламистите регрутираат луѓе за каузата токму таму – зад решетките.

Поради потребата од заштита затворениците често се наоѓаат во рацете на самопрогласени “емири”, кои ги предводат затворските банди.

Експертите нагласуваат дека исламистите се мал дел од муслиманите, а уште помал дел од нив се посветени на насилството. Уште помал дел од нив стигнуваат до затворот.

Иако сè повеќе има такви кои се радикализираат онлајн, оние кои се радикализираат во затвор, имаат поопасен профил.

Мохамед Мера и Мехди Нему одговорни за смртта на Евреите – односно во Тулуз во 2012 и минатата година во Брисел – поминале низ француски затвор по пресуда за грабежи.

Според експертите атмосферата во француските затвори придонесува за радикализација.

Радикализацијата сепак не започнува со ислам, туку со омраза, иако повеќето луѓе го мислат спротивното. Младите француски муслимани во сиромашните области ја прегрнуваат идејата на џихадот и светата војна уште пред да ги разберат дури и најосновните принципи на исламот.

Џихадот за нив е единствениот инструмент со кои ќе предадат светост на својата омраза кон општеството. Обично учат ислам и тоа најчесто го прават во затвор.

fazaeli-fatemeh20101116063845560

Таму сепак не стигнуваат доволно имами.

По нападите во Париз во почетокот на годината премиерот Мануел Валс вети двојно поголем буџет за имамите кои работат во затвори и да додаде уште 60 лица кон вработените 182-ца кои посетуваат затвореници.

Оваа бројка сепак звучи неспоредливо помалку со бројот на 35 000 муслимани во француските затвори.

Експертите по контратероризам сепак предупредуваат дека како одговор на зголемената контрола, џихадистите се насочуваат од очигледни кон скриени форми на радикализација.

Тие посочуваат дека новата генерација од исламисти се враќа од Сирија и Ирак и многу од нив се од добри семејства и немале контакт со затвор. Оттука се појавуваат и стравувањата дека ако им биде дадена казна за лишување од слобода, нивните умови ќе бидат подложни на идеите на радикалниот ислам.

Затоа многумина почнуваат да се обрне внимание на потребата од рехабилитациони програми. А оние кои инсистираат сите повратници од џихад во Сирија и Ирак да бидат затворени, веќе може да се сигурни дека тоа не е најдобриот пристап, ако го земат предвид фактот за обуки по затворите.

- Реклама -