Модерна проја

Ако вообиченаета проја ви е здодевна и сакате побогат оброк на чинијата ви предлагаме да подготвите модерна проја.

Состојки:200г пченкарно брашно, 250г пченично брашно, 200мл млеко, 100мл зејтин, сол, 1 лажичка прашок за пециво, 2 јајца

За полнење: 100г. сирење, 50г ајвар, 100г шунка, 100г кашкавал

proja

Подготовка: Направете ја смесата за проја, ставете ја во подмачкани со зејтин калапи за мафини и печете дваесетина минути во рерна загреана на 200 степени. Испечената проја оладете ја и исечете ги врвовите на сите парчиња. Во друг сад ситно издробете го сирењето, измешајте со ајварот и зачинете. Смесата ставете ја во шприц-кеса, и со филот наполнете ги сите парчиња проја, одозгора ставете лист кашкавал и лист шунка, а може да ставите и марула, па покријте со исечените делови.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Добар апетит!

- Реклама -