Ви го покажуваме тестот кој го осмисли докторката Сузан Делингер, а ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за вас и за работата со која се занимавате. За да би дознале која е правилната професија за вашата личност, потребно е внимателно да ги погледнете прикажаните форми на илустрацијата погоре, и да се одлучите за онаа која ви изгледа најпримамливо, или пак сметате дека на некој начин може да го опише вашиот карактер:
1. Круг
Вам ви се најважни добрите меѓучовечки односи, односно, тие кои се околу вас да бидат среќни. Токму поради ова многумина ве сметаат за „лепило“ кое го чува единството меѓу соработниците. Способни сте да одржите баланс и стабилност врз групата, и поседувате висок капацитет да ја почуствувате емпатијата, радоста и болката на оние кои ве опкружуваат. Но вашите недостатоци како претераното зборување за другите, неодлучноста, мрзливоста и самокритичноста често не ви дозволуваат да го пронајдете сопствениот мир, ниту пак да се израдувате на сопствените успеси.
Идеални професии за вас: глума, маркетинг, историчар/ка, домаќин/ка, вработен/а во сектор за човечките ресурси, наставник, угостител, писател…
2. Квадрат
Работите напорно, внимателно и секогаш сакаате да го завршите она што го започнавте. Една од големите доблести во сите ваши животни ситуации е вашето трпение и методичност. Но, со оглед на тоа што сте во состојба секој детаљ темелно да го проверите, ја забавувате вашата одлучност, поради што тешко ќе можете да бидете унапредени во некоја попрестижна позиција. Поради доминантната употреба на левата хемисфера на мозокот, која се карактеризира со логично размислување, вие никогаш не го слушаат внатрешната интуиција и сте во состојба со часови да анализирате за да дојдете до идеалното решение.
Идеални професии за вас: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, лекар, инженер, секретар, трговец, возач.
3. Триаголник
Вие сте роден менаџер, можете лесно да ја фокусирате целта, брзо ги анализирате ситуациите, лесно учите и впивате нови информации како сунѓер. Сигурни сте во себе и за се сакате да бидете во право, поради што понекогаш тешко ви е да си ја признаете грешката. Вашата предност е контролата, критичноста, креативноста, прецизноста, амбицијата, конкурентноста и одлучноста, како и способноста да ја почитувате хиерархијата. Сепак, на патот кон вашите високо поставени цели ви пречат вашата нетрпеливост и самоориентираност.
Идеални професии за вас: архитект, дизајнер, економист, менаџер, правник, војник, пилот, политичар, синдикалец.
4. Правоаголник
Сакате да седите на две столчиња.Не успевате да ги препознаете вашите квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Оние околу вас би ве опишале како збунета личност со недостаток на самодоверба, додека од друга страна постојат и онакви кои сметаат дека сте љубопитни и храбри. Ќе се обидете да направите нешто што никој досега нема направено и за што останатите немаат храброст.
Идеални професии за вас: претприемач, аниматор, управувач на оддел, перформер.
5. Цик-цак
Креативни сте, верувате во вашата имагинација и имате способност да создадете избалансиран поглед на светот и да ја согледате неговата внатрешна убавина. Но од друга страна, нетрпеливи сте и не можете долго време да работите на едно место. Ви станува здодевно, и се коси со вашите верувања дека ништо не е вечно или пак напишано според правила. Иако лесно доаѓате до добри идеи, проблемот е што тешко ги реализирате бидејќи едноставно секогаш гледате три чекори пред вас и повеќе ве интересираат можностите отколку реалноста.
Идеални професии за вас: уметник, дизајнер на ентериер, изумител, музичар, наставник, промотор, истражувач, столар.