Одамна заборавени знамиња

Знамињата симболизираат многу нешта и истите со гордост се веат од јарболите, сѐ додека: не дојде до промена на политичката гарнитура (или уредување), земјата не се ослободи од окупатор или пак целосно престане да постои. Ова се некои од најинтересните, одамна заборавени знамиња.

Знамињата симболизираат многу нешта и истите со гордост се веат од јарболите, сѐ додека: не дојде до промена на политичката гарнитура (или уредување), земјата не се ослободи од окупатор или пак целосно престане да постои. Ова се некои од најинтересните, одамна заборавени знамиња.

Франција (1852 – 1870)

Знамиња
Наполеон Трети го користел ова знаме како официјално државно знаме во периодот од 1852 до 1870 година. Франција мора да имала страшна наезда од бубачки за време на неговото владеење.

Шпанија (1939 – 1975)

Знамиња

Ова било знамето на франкистичката, фашистичка Шпанија и се користело од крајот на граѓанската војна, па сѐ до 1975 година, кусо по смртта на диктаторот.

Втората Мексиканска империја (1864 – 1867)

Знамиња
Оваа Мексиканска империја е меѓу оние со најкус животен век. Воспоставена била откако во Мексико имало инвазија од Британија, Шпанија и Франција, поради неплатени долгови. Останатите се повлекле, но Наполеон успеал да ја покори земјата и да воспостави монархија. По тригодишна граѓанска војна, императорот Максимилијан бил погубен, а неговото знаме симнато.

Бразилската империја (1822 – 1889)

Знамиња
Откако Наполеон ја освоил Португалија, кралското семејство избегало во најважната колонија, Бразил. По ослободувањето на Португалија, Бразил станал независна држава, но задржале член од кралската лоза како лидер.

Иран (до крајот на седумдесеттите)

Знамиња
До исламистичката револуција, Иран беше монархија. На тамошните јарболи се веело ова знаме.

Манчуко (1932 – 1945)

Знамиња
Манчуко била држава марионета на Јапонија, воспоставена на територијата на Манчурија и делови од централна Монголија. Со неа раководел последниот кинески цар, Пуји, сѐ до поразот на Јапонија во 1945.

Германска Демократска Република (1949 – 1990)

Знамиња
Оваа држава, позната и како Источна Германија, била создадена како резултат на поделбата на Германија по Втората светска војна. Престана да постои по падот на комнунизмот и обединувањето на Германија во 1990 година.

Отоманската империја (средина на 15-ти век до 19-ти век)

Знамиња
Отоманската империја немала официјално знаме дури до 19-от век, но претходно, во походите, најчесто го вееле ова знаме. Многу е веројатно дека тоа се веело и на овие простори.

Грција (1832 – 1862)

Знамиња
Кога Грција била ослободена од Отоманската Империја и баварскиот принц Ото им бил назначен за крал, го користел ова знаме во трите децении владеење.

Индија

Знамиња
Кога Индија била колонија на Велика Британија, во еден период неформалното тврдење оти Индија е скапоцен камен во круната на кралството било пресликано и на знамето.

Карибската федерација (1958 – 1962)

Знамиња
Неколку мали државички во Карибите чија допирна точка била тоа што се колонии на Велика Британија се здружиле во федерација која траела само 4 години.

Федерална Република на Централна Америка (1823 – 1840)

Знамиња
Во 1823 се создала федерација од: Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и Коста Рика. Федерацијата се распаднала по граѓанската војна од 1838 до 1840.

Јужноафриканска република (1928 – 1994)

Знамиња
Ова знаме е базирано врз холандското знаме на принцот, а знамињата внатре се од ослободените држави кои влегле во составот на земјата, плус знамето на Велика Британија. Престана да се користи во 1994, по падот на апартхејдот.

Германска Источна Африка

Знамиња
Ова колонизаторско знаме е за тогашната област Танганика, денес позната како Танзанија. И другите германски колонии имале исто знаме, со различен амблем во средината.
- Реклама -