Девојката сака сексот да трае пократко од седум минути само кога брза некаде или е во паника некој да не ја види.
Генерално, преферираната должина на сексуалниот однос зависи од личните афинитети, но во основа жените очекуваат дека ќе трае подолго од пет минути.
Иако во студијата на еден секс-експерт од Австралија во 2012-тата се покажа дека брзиот и краток секс е сосема задоволителен, ниту една жена нема да ужива ако сексот е секогаш таков. Експертите велат дека на жените во просек им се потребни 20 минути од иницијалното возбудување до оргазам. Треба да се напомене дека во должината на сексуалниот однос се смета и предиграта, па обично се мисли на десетина минути предигра и уште толку минути секс.
Најдобриот начин е внимателно да го слушате говорот на телото на партнерката. Ако целта ви е да ја доведете до кулминација, размислете околу тоа да ја продолжите предиграта. Ако ви се случи да достигнете оргазам пред неа, имајте на ум дека тоа не мора да значи крај на сексот.