Од женски агол: Што сакаат мажите од нас?

Постојат мажи кои не се срамат да застанат пред нежната сопруга и да го споделат она што го сакаат од неа, но има и такви кои стравуваат од нејзината реакција.

Што им се допаѓа на посилните половинки и што сакаат од нас, жените – дознајте во следните редови:

Да се ​​грижи за својата фигура

Мажите можеби не умеат да ги изразат своите чувства добро, но тешко можат да го сокријат она што им се допаѓа, а што не. Нивната слабост се жените кои изгледаат секси и ја одржуваат фигурата. Затоа треба да му покажете на својот партнер дека и вие издвојувате доволно време за себе. Една испотена жена во салата е исклучително привлечна за мажите, бидејќи тоа значи дека таа е заинтересирана за својата фигура и секогаш се труди да изгледа совршено за својот маж.

Да се ​​облекуваме во црвено

Нешто толку едноставно, а толку многу посакувано од мажите. Црвеното може да ги полуди! Црвената е боја која повеќето мажи ја наоѓаат како пеколно секси. И тоа всушност е докажан факт.

Една жена била замолена да се облече во различни бои и нејзини фотографии биле прикажани на неколку мажи кои притоа, биле замолени да ги оценат сликите на база на тоа колку секси изгледа жената со различна облека. На многу голем дел од мажите им се допаднале најмногу фотографиите, каде жената е облечена во црвен фустан.

Значи, избирајте ја оваа боја почесто – купете си нова долна облека, фустан или друга секси облека, задолжително во црвено. Ќе видите колку задоволен ќе биде вашиот партнер!

0527158001380618688_0

Пријатен мирис

Мирисот е многу корисна алатка која можете да ја користите за да го излудите вашиот човек. Меѓу многуте различни мириси кои ги привлекуваат мажите, докажано е дека мирисот на пита од тиква има најбрз ефект врз посилниот пол. Покрај неа, мирисот на лаванда исто така може да ги заинтригира мажите. Значи тоа се мирисите, на кои треба да се обрне внимание. Не заборавајте дека парфемот е вашиот најдобар пријател и никогаш не треба да се разделите од него. Изберете нежен, пријатен и многу свеж мирис. Непријатниот мирис или премногу силниот може да одбие мажите.

Да се ​​смееме повеќе

Кој ги сака строгите и вечно незадоволни жени? Никој! Докажано е дека мажите можат да се заљубат во насмевката на една жена. А смеењето на саканата може да ги натера да се почувствуваат најсреќните луѓе на светот.

Пријатното женско смеење дури може да ги возбуди мажите и тие да ви подарат еден страстен и многу бурен секс. Една од причините наведени во поддршка на оваа чудна околност е дека кога жената се смее гласно, мажите понекогаш потсвесно го поврзуваат овој звук со водење љубов. Значи, додека вечерате со вашиот сакан или непосредно пред да си легнете, добро е да зборувате нешто смешно и забавно, што ќе ве натера да се смеете на глас. Продолжението ќе биде под покривката и верувајте ни ќе биде незаборавно!

0034267001420627034_0

Да му кажуваме почесто дека го сакаме

Понекогаш жените се плашат да се опуштат и да покажат колку се луди по мажот, со кого излегуваат. Голема грешка! Мажите исто така сакаат додворување и колку почесто им велите дека ви се допаѓаат или ги  сакате, толку повеќе поени  зголемувате.

Кога не сте доволно експресивни во покажувањето на своите чувства, партнерот може да го прифати ова како знак дека не сте заинтересирани доволно од него.

Од друга страна, ако му кажете дека ви се допаѓа, тоа веднаш може да го возбуди.

Не треба да правите ништо друго, за да ја докажете својата љубов кон него … едноставно изговорете ја.

Да зборуваме валкано

Најчесто мажите се единствените кои зборуваат во кревет. Жените се оддаваат на страстите и многу ретко може да изрече валкан збор.

Секој маж сепак тајно сака неговата жена исто така да преземе иницијатива и да се оддаде на некој непослушен разговор или други слични активности.

Можеби повеќето жени се срамат да се опуштат, но сепак вие сте насамо со партнерот. Штом можете да изгледате „валкано“, зошто пак да не зборувате „валкано“.

И ако тоа го возбуди уште повеќе вашиот партнер, што има тука лошо?

- Реклама -