Од утре граѓаните ќе можат да се потпишат на декларацијата за мир во светот, и против војните и употреба на нуклеарното оружје

Македонскиот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, кандидат за Нобеловата награда за мир, заедно со членовите на Цветиновиот комитет за мир, подготвија и потпишаа Декларацијаза мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје по повод одбележување на 79-годишнината од употребата на нуклеарно оружје во Хирошима (06.08.1945) и Нагасаки (09.08.1945).

По овој повод, на 06.08.2024 година (вторник) во 9 часот наутро, пред Спомен куќата на Мајка Тереза (носителка на Нобеловата награда за мир) ќе се прочита Декларацијата, која ќе биде отворена за потпишување од страна на сите граѓани кои посакуваат мир и просперитет во светот. Книгата за потпишување на Декларацијата ќе биде отворена секој ден од 9 до 16 часот од 06.08.2024 до 09.08.2024 година.

Поетот Горан Анчевскиќе чита поезија посветена на пилотот – капетан Стево Стефановски кој како активен пилот не сакал да лета над Нагасаки во спомен на жртвите од атомската бомба. Исто така, авторката Лидија Лучко Јеремиќ ќе ја прочита својата песна „Дали епопеја за болката“ на македонски јазик. Песната ќе биде прочитана и на англиски, српски, турски, албански, влашки и на грчки јазик. Исто така, Живко Поповски – Цветин ќе ја додели Цветиновата награда за мирз а придонесот кон мирот на авторката Јеремиќ. 

- Реклама -