Кристијан Гeорге е можеби непознат во медиумите, но неговата приказна навистина ќе ве инспирира да се обидете да направете нешто од ништо. Тој во почетокот на 90-тите по распадот на комунистичкиот систем во Романија емигрирал во САД со само 26 долари во џебот, диплома за машински инжинер која не му ја признале и основен англиски научен слушајќи ги плочите на Pink Floyd, за денес да биде еден од најуспешните програмери со заработени над 500 милиони долари.
Кристијан Гeорге по доаѓањето во САД работел како возач на лимузина и одвај го преживувал месецот, но вниманието му го привлекла технологијата и можноста да се креира нешто свое. Долго време собирал пари за го купи првото Comodore 64 и хакирајќи во видео игрите научил како да програмира, а работа како консулатат во IT фирма добил по разговор со Ендрју Сакс патник кој го возел.
Потоа започнал со креирање на првиот сопствен софтверски сервис за пресметка на големи датотеки за менаџирање на податоци кој со својот партнер Ендрју Сакс го продал на компанијата Experian, каде неколку години ја извршувал и директорска функција, пред повторно да започне со креирање на нови сервиси.
Тоа му успева четврти пат по ред откако најновата мобилна софтверска алатка Tidermak има проценета вредност од околу 80 милиони долари со прогноза дека ќе порасне за неколку пати. Tidermak освен за анализа на податоци преку Cloud конекција се користи и за предвидување на различни трендови во еден бизнис. Рецептот за успех на Кристијан Гeорге е спој на упорност, иновација, желба за нови предизвици и секако малку среќа да се пронајде токму оној сервис кој ќе биде многу ефикасен и привлечен за корисниците.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk