Од протестите против носење хиџаб, Иран 1979-та

На 8-ми март – Денот на жените, во 1979 година, повеќе од 100.000 жени се собраа на улиците на иранскиот главен град за да протестираат против новата наредба на исламската влада за задолжително носење на хиџаб (секогаш и секаде надвор од домот).

Во Исламската република Иран, Ајатолах Хомеини значително ги редуцираше правата на жените на кои беа навикнати под иранскиот шах. За само неколку месеци од основањето на Исламската република Иран, се случија многу промени: законот за семејство од 1967 година беше повлечен; жените вработени во владината администрација беа присилени да се придржуваат до исламски дрес код; на жените им беше забрането да стануваат судии; на плажите и спортските терени воведена беше полова сегрегација; минималната легална возраст за брак за жените беше намалена на 9 години (подоцна покачена на 12); а на мажените жени им беше забрането да одат во јавни училишта.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Речиси инстантно жените се побунија и протестираа против тие нови политики. Во (до) тоа време, вели фотографот Голестан, Ирачаните беа политички многу активни и веруваа дека ќе изнудат промени преку демонстрации на улиците. Очигледно, не им успеа.

- Реклама -