Не можеме да негираме дека најдобрите готвачи во светот се токму мажите, но исто така апсурдно е да се негира дека во домашни услови повеќето мажи ужасно се снаоѓаат во кујната.
Од овие причини да се посмееме на сметка на аматерите – ентузијасти.
Земете од фрижидерот 10 јајца, оставете седум здрави на масата, сега избришете го подот и следниот пат бидете повнимателни.
Земете голем сад и во него искршете ги јајцата од работ, а потоа истурете ја нивната содржина во чинијата. При поделбата на жолчките и белките бидете внимателни. И така, имате 5 жолчки во чинијата. Сега земете миксер, ставете ги рачките за мешање и измешајте ги жолчките… ништо, пробајте пак да ги поставите рачките … Сега мешајте.
Измијте си ги лицето, вратот, рацете и грбот, извадете ја жолчката од ушите.
И така, сега имаме во чинијата 2 скршени жолчки, колку и ни се потребни за колачот.
Сега обложете ги ѕидовите и прозорците на кујната со весници, покријте го мебелот со некакви стари партали …
Време е да го додадеме брашното, ставете во чаша 200 грама, истурете ја чашата во садот кај жолчките, а останатите 800 грама внимателно соберете ги и вратете ги во пакетот.
Откако се убедивте дека ѕидовите и прозорците се навистина добро обложени, започнете со подготовка на смесата.
Земете 4 големи јаболка и остар нож, однапред заминете до аптеката по јод и завој. Време е да пристапиме кон чистењето на јаболката, завијте го палецот.
Исечете ја јаболката на коцки и запомнете дека ни се потребни 2 јаболка, така што во процесот на подготовка може да изедете само половина.
Единствената останата и ситните ленти на јаболко додадете ги во чинијата.
Останатите соберете ги од земјата и отстранете ги.
Промешајте повторно со миксер, измијте го фрижидерот од капките, бидејќи ако се засуши, се мие тешко.
Сега истурете ја готовата смеса во умерено намачкана тава со маслло и ставете во рерна.
Почекајте еден час и ако нема видливи промени , вклучете ја рерната.
Ако се разбудите и не ѕвони пожарната, отворете ги прозорците и рерната.
По сите искуства отидете во најблискиот паб.