Од полноќ пониски цени на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит., одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика

Со тоа, после полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 71,00 ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, и ќе изнесува 70,50 ден/лит.

Извор