„По информациите кои деновиве излегоа во јавност се огласија фамилиите на трагично загинатите Александар и Калина со доза на лутина кон одредени информации, кои како што сметаат, се пласирани со цел да се прикрие дел од вистината за трагичниот настан на Кајмакчалан во коj загинаа Александар Миновски и Калина Велевска“, пишува Точка.
Во име на вистината, тие им го доставиле официјалниот извештај од грчката полиција изготвен по повод трагичниот настан. Од извештајот станува јасно дека одредени делови се кријат од македонската јавност.
Во извештајот се спомнува обид за нивно извлекување направен од страна на Специјалната единица за справување со катастрофи (СЕСК) од Солун, во 22 часот на 10.02.2018, при кој Александар сé уште бил свесен, додека Калина не покажувала знаци на живот. Според соопштението на спасителот, од непозната причина Александар се откачил од ременот додека го извлекувале и паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина, каде поради темнината и лошите временски услови лоцирањето било невозможно.
Ништо од ова не се спомнува во извештајот на Федерацијата на планински спортови од Македонија, а ни од планинарското друштво „Трансверзалец“.
Дочитајте го текстот на Точка.