Од Нова година со електронски картички во ЈСП

Системот со електронските билети (АВЛ) ќе почне да функционира од Нова година во автобусите на ЈСП, а во автобусите на приватните превозници од 1 мај следната година, соопшти Град Скопје.

јсп1

Досега целосно е инсталирана опремата во 377 автобуси на ЈСП Скопје, која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите, а поставени се и инсталациите за втор валидатор.

Предвидено беше вкупната бројка на автобуси во кои ќе се применува системот да биде 500, но на последниот оглас биле пријавени уште 130 автобуси, што малку ги комплицира работите за системот да функционира и во приватните и во автобусите на ЈСП.

„Сакаме да напоменеме дека опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и истата се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во градот Скопје, а времето за изработка и достава на истата во зависност од опремата е од 2 до 4 месеци“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -