Од ноќеска ново поскапување на горивата за 2.5 до 3 денари за литар

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 97,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за литар.

Сo одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и останува 54,64 денари за килограм.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Како причина за зголемувањето на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,584 отсто и кај дизелот за 4,856 отсто, како и за 0,467 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

МИА

- Реклама -