Следниот пат кога ќе уживате во кутија колачиња, помислете на потенцијалот кој го уништувате: графин вреден 15 милијарди долари. Тоа е проценката на тимот истражувачи од Rice University. Целата работа започнала кога хемичарот Џејмс Тур спомнал на состанок дека неговиот тим создал графин – слој од јаглерод дебел само еден атом кој поседува неверојатна сила и спроводливост – од шеќер.
Тој тврдел дека тој и неговите студенти би можеле да создадат графин од било кој извор кој содржи јаглерод, на состанокот имало послужено колачиња. По ова тој добил предизвик. Лабораторијата поканила група извиднички, познати по Girl Scout Cookies, да ја посетат лабораторијата за да видат како колачињата се претвораат во вредната верзија на јаглерод.
Во нивната демонстрација, тие направиле графин од голем број материјали – трева, чоколадо, нога на лебарка и многу други – за да прикажат дека високо квалитетниот графин едноставно чека да биде извлечен од разни секојдневни материјали. За создавање на графин, тимот користи бакарна фолија и печка која работи на аргон и водород и достигнува температури над 1900 степени.
Во процесот, предметот се поставува на едната страна од фолијата на висока температура, при што започнува да се распаѓа. Тенок филм од графин се формира на другата страна од фолијата додека нечистотиите остануваат на другата. Двајца од студентите во лабораторијата на Тур направиле пресметки со сегашните комерцијални цени на квалитетен графин – околу 250 долари за 25 квадратни сантиметри – и дошле до заклучок дека една кутија колачиња би можела да генерира профит од околу 15 милијарди долари ако биде претворена во графин.
Се разбира ова зависи од понудата и побарувачктата. Во моментов, графинот е тежок и скап за произведување во големи количини. Една кутија колачиња би дала фолија од графин која би можела да покрие три фудбалски терени доколку постои начин за извршување на трансформацијата. И нормално, ако понудата е толку евтина, цената значително би се намалила. Со други зборови, тимот сакал да демонстрира дека – ако има подобри средства за производство на големи количини графин – извори за истиот можат да бидат најдени насекаде околу нас. [A single box of Girl Scout Cookies could yield $15 billion worth of graphene]