Со местоположба во Менло Парк, Калифорнија, смело обоената Cloud Street Residence импресионира со својата модерна естетика и ве тера да се запрашате како изгледа и одвнатре.
Земјиштето е украсено со нова конструкција на постојните 900 метри квадратни, на кои претходно имало колиба. Со додавање на дополнителен 500 квадратни метри од фелксибилен внатрешен и надворешен простор докажа дека е одлично решение за заштедување на буџет и како и проширувањето на просторот.
Спроведувањето на дневна светлина преку мноштвото архитектонски решенија прилагодени за оваа компактна структура, е креирано од архитектот Ана Вилиамсон замислувајќи го овој дом како удобен, светол и отворен дом од 1562 квадратни метри.Засводениот таван е дизајниран за да се овозможи употреба на „clerestory“ прозорци, цртање во природна светлина, пасивно загревање на куќата во текот на зимата и оддржувајќи ја вентилирана во текот на летото.„Преку максимизирање на поврзувањето на дворот и креирањето на достапни надворешни соби, целото место станува составен дел од секојдневниот живот на сопствениците и нивните деца.“
Со воведување на одржливи решенија и во затворените и отворените простории, архитектите и клиентите соработуваа за да обликуваат трајна, флексибилна и инспиративна животна средина: „Предните и задните палуби се изградени од ацетилно(хидрофобно) дрво. Овој материјал ја минимизира апсорцијата на вода, превејќи го исклучително издржливо и повеќе димензионално стабилно. Кујнските кабинети се опремени со високо перформирани влакна композитни дрва развиени да бидат алтернатива на природното градежно дрво. Овие два производи се релативно нови продукти на одржливиот пазар“.
Дали ви се допаѓа овој прекрасен компактен дом како што и нам?