Она што го одбележа денешниот ден во светски рамки секако е инаугурацијата на Барак Обама.
Тој, попладнево, пред милион луѓе во Вашингтон, положи заклетва за вториот претседателски мандат.
[youtube]http://youtu.be/XGNTseN8PmI[/youtube]
Ги увери Американците дека со него ќе заврши декадата на војните и дека САД ќе обезбедат слобода, демократија и правда во светот.
“Американските можности се бесконечни, бидејќи ние ги поседуваме сите квалитети кои му се потребни на овој свет без граници – младост, сила, разноликост и бескраен капацитет за справување со ризиците“, рече Обама.
Националната химна на инаугурацијата ја испеа Бијонсе.
[youtube]http://youtu.be/Q7zauaaPufo[/youtube]