Од фармер до моторџија, од трактор до Дејвидсон

Лери Медвиг, од Пејнсвил, Охајо, е огромен фан на моторите, па решил и да си направи еден таков.

600x450xtractor-motorcycle2-600x450.jpg.pagespeed.ic.yEvlFO2DGX[1]

Уникатниот „трактор-цикл“ го има склопено пред неколку години, а прв пат е промовиран во 2010-тата, на едно мото-шоу во Орвел. Оттогаш, почесто гостува на разни настани и саеми, барем ако се суди по неговата појава во некои од познатите блогови.

600x450xtractor-motorcycle-600x450.jpg.pagespeed.ic.XBf-C4_5aE[1]

Моторот е целосно направен од делови од стари возила. Вилушката и гиданот се направени од железни водоводни цевки, моторот е од бетономешалка, а трупот од предниот дел на Farmall Cub трактор.

600x448xtractor-motorcycle3-600x448.jpg.pagespeed.ic.6i4K50nw63[1]

Ако го прашате Медвиг какво е возењето, тој ќе рече „Како да возиш масичка за излет“, алудирајќи на тоа дека не е баш најудобниот мотор што постои, не е Харли Дејвидсон, ама битно вози, и притоа е една од оние уметнички креации што ќе предизвикаат воодушевување кај секој што ќе ги забележи.

- Реклама -