Од денеска нема да има коси црти во графата за државјанство, велат од Управата за водење на матични книги

Иако со месеци наназад дел од медиумите укажуваа дека во  државјанствата и изводите на родените во графата „државјанство“ се пишуваат коси црти (/////), од Управата за водење на матични книги токму денес, ден откако информацијата ја објавија и „другиот дел од медиумите“, уверија дека токму од денес проблемот ќе биде надминат. Како што велат од Управата за МИА, од денеска во графата ќе стои „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, како што впрочем е и предвидено со Преспанскиот договор.

Како што рекле денеска за „МКД.мк“ од Управата при Министерството за правда, причината за косите црти била комплексно прашање поврзано со Преспанскиот договор. Притоа ветиле дека објаснување ќе дадат попладнево. Во објаснувањето дадено за МИА, наведуваат дека косите црти биле резултат на потребата да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -