Од денеска и до 99% поевтин роаминг со земјите од Западен Балкан: Ова се цените

Од денеска (1 јули) граѓаните на Северна Македонија кои патуваат во земјите од Западен Балкан – односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, ќе користат и до 99% поевтин роаминг, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

За граѓаните на Северна Македонија ќе важат следниве цени (со вклучен ДДВ):

Повик кон земјите од Западен Балкан ќе чини 5.05 денари по минута (наместо досегашните во просек 75.4 денари)
Примање повик во било која од наведените земји ќе чини 2.9 денари по минута (наместо досегашните во просек 30.2 денари)
Испраќање на СМС порака од било која од наведените земји ќе чини 2.6 денари (наместо досегашните во просек 16.1 денари)
• Користење интернет во земјите од Западен Балкан ќе чини 1.9 денари

Цените се линеарни, односно важат за сите земји и за било кој оператор, се вели во соопштението.

Разликата во намалувањето на цените изразено во проценти се должи на тоа што во првата група се земји со кои што претходно имавме потпишано спогодба за намалување на цените на роамингот (Босна, Србија и Србија), додека во втората група се земји каде што цените на роаминг услугите не беа регулирани претходно (Албанија и Косово), објаснува министерот Дамјан Манчевски.

Тој е уверен дека ова ќе придонесе и за развој и олеснување на комуникцијата за тие кои редовно патуваат поради работни обврски, но и за оние граѓани кои туристички патуваат, особено сега во летниот период.

Манчевски најави и дека поевтинувањето на роамингот не застанува тука; Од 1ви јули 2021 година, корисниците веќе воопшто нема да плаќаат за користење на роаминг услугите во шесте земји на Западен Балкан. Тогаш целосно во сила ќе стапи „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија.

 

- Реклама -