Од четврток сите на кино

Почнувајќи од четврток (12-ти), па се до 21 ноември ќе се случува 14-ото издание на Фестивалот на европски филм CINEDAYS.
И годинава, настанот ќе се одвива на две добро познати локации – Младински културен центар и кино Милениум.

Отворањето на фестивалот е закажано за четврток(12.11.), во 20:00 часот, во кино Милениум, со најновата македонска филмска продукција, филмот „Три дена во септември“, во режија на Даријан Пејовски.

Програмата на фестивалот, како и комплетните информации за филмовите и придружните програми на фестивалот CINEDAYS, можете да ги проследите на следниов линк:
cinedays.mk

Прочитајте и:  Завршува 23. CINEDAYS со Вуди Ален, музика и DJ Забава
- Реклама -