На врвот на модните трендови се најдоа и очилата за сонце со оквири во боите на летото. Во нови, забавни линии можеа да се видат модели во блескави и пастелни тонови, како и очила чиј дезен се состои во две до три бои.
Трендот на забележителни, силни бои, не ги заобиколи ниту деталите. Така, за ова лето, главен тренд меѓу очилата за сонце беа оквирите во боја на лето.
Вешто поигрувајќи си со топлите и ладни спектари, дизајнерите се потрудија да ги задоволат сите вкусови. Интересно е тоа што најчесто оквирот и стаклата беа во контрастни комбинации, што уште повеќе го привлекуваше вниманието на моделот.
Што се однесува на големината, оваа година беа еднакво модерни и малите и големите оквири, како и оние во ретро стил кои потсетуваат на старите рокери, или пак на дамите од 40-те години.