Обвинителството сè уште не го добило извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е во екстрадиционен затвор во Турција.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ
- Реклама -