Обвинителството: Груевски со месеци се спремал да кидне

Никола Груевски не побегнал во последен момент туку во детали го планирал бегството, тврдат за „Телма“ од Обвинителството. Според нив, доказите се косат со тврдењата на Груевски и покажуваат дека тој бегството почнал да го планира два месеци порано, уште во септември.

На тоа алудира и информацијата со која располага СЈО – дека во септември 2018-та Груевски ги извадил сите пари од банкарските сметки, пишува „Телма“, наведувајќи дека тоа поминало речиси незабележано од надлежните институции.

Сепак, јавноста веројатно се сеќава дека во ноември, според извори од Министерството за финансии, беше објавена информацијата дека Груевски речиси сите пари што ги извадил од сметките (околу 230 илјади евра), ги потрошил во Македонија, главно на адвокати.

Во меѓувреме, обвинителката Вилма Русковска смета дека е очекувано што Груевски во интервјуто за „Сител“ не открил детали за бегството и евентуалната помош. Повеќе за тоа прочитајте на „Телма“.

 

- Реклама -