Обвинителката Русковска: Успех во кариерата е да осудиме актуелен политичар

Вилма Русковска – шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во вчерашното гостување во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ, не го негираше своето учество во „Шарената револуција“ и не крие дека била дел од граѓаните што протестираа на улица, но потенцира дека тоа немало партиска природа:

„Јас секогаш сум се трудела да бидам непристрасна. Бев дел од Шарената револуција, бидејќи сметав дека правото и правдата треба да важат поеднакво за сите. Не бев дел од Шарената револуција како припадник на политичка партија, ниту сум била дел, ниту ќе бидам“, истакна обвинителката.

Согласно тоа, Русковска откри и што за неа би претставувало успех во кариерата:

„Кога ќе успееме да подигнеме обвинение и да осудиме актуелен политичар“, рече обвинителката.

Русковска го застапува обвинението за случувањата во Собранието на 27 април 2017-та. Досега за овој настан Русковска има обвинето 33 лица, а најави и проширување на истрагата.

- Реклама -