Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во петокот на брифинг само што кажа дека завршува предметот ТНТ каде Никола Груевски и Миле Јанакиески се обвинети за одмаздничко уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, обвинетите со финта денеска го прекинаа судењето.
Адвокатот на обвинетата Елизабета Најдовска, Димитар Дангов, на денешното рочиште одненадеж ѝ го откажал полномоштвото и на негово место дошол адвокатот Мерџан Даути, кој побарал од судот увид во целиот предмет. Ова официјално го потврдија и од Основниот суд Скопје 1.
Увидот почнува утре и тоа ќе ја одолговлечи постапката која е сведена на самиот крај, а судот уште не знае дали тазе најмениот адвокат од албанска националност ќе бара од судот и да му биде преведен на албански целиот предмет од ова судење кое трае речиси две години.
Во предметот ТНТ, првообвинет Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.
Повеќе ТУКА.