Обожавателка го тужи Били Ајдол зашто не ја поминал ноќта со неа…

На прва звучи како да се работи за мајтап на сметка на некои од апсурдните обвинувања што се провлекоа во кампањата „MeToo“, но не, се работи за реална тужба поднесена од обожавателка на Били Ајдол, поради која рок ѕвездата би можела наскоро да се појави и пред суд.

Џулијана Берг во октомври 2016-та присуствувала на концертот на пејачот во Лас Вегас, се наведува во тужбата, а истата ја поднесува бидејќи Ајдол ѝ ветил дека по концертот ќе ја помине ноќта со неа. Тоа, сепак, не се случило.

Според верзијата на Џулијана, пејачот ја повикал по концертот да дојде во бекстејџ, од каде што требало да заминат во неговиот апартман. Обожавателката така и направила, но кога Били Ајдол се појавил зад сцената, само ја поздравил и заминал со колегите.

Разочараната Џулијана сега од Ајдол бара парична отштета за трошоците кои ѝ биле нанесени. Бара да ѝ бидат надоместени парите за билетот за концертот, трошоците за пат, како и трошоците за хотелската соба кои би ги немала ако ноќта ја поминела во апартманот на Ајдол, како што ѝ било ветено.

Адвокатскиот тим на славниот музичар ги негира обвинувањата и порачува дека сé ќе докажуваат на суд.

- Реклама -