21-век сме, ама општеството сé уште автоматски претпоставува дека жените што се жртви на силување обично носат облека што повеќе открива отколку што покрива, па со тоа и самите провоцираат да бидат нападнати. Плот-твист: ептен, ама ептен не е така.
„Аман бе, а што носеше?“ (нашки превод од оригиналниот наслов „Well, What Were You Wearing?“) е фото-противаргумент на таквиот опасен став кој во многу има заедничко со културата на обвинување на жртвата и ништо заедничко со желбата да ѝ се помогне. Дело е на Кетрин Камбарери – фотографка од Филаделфија, која реши да им влепи освестувачки шамар на таквите; единствено преку фотографирање на облеката што силуваните жртви ја носеле во моментот кога биле нападнати; жртви кои подоцна се испрашувани, морално обвинувани и осудувани од истите тие авторитарни власти кои се задолжени да ги штитат. Доволно кажано: