Како да се облекувате ако сте високи

Висината не е причина да се чувствувате несигурно во својата кожа и да ги избегнувате нападните бои и високите потпетици. Напротив, вашата висина прави речиси секоја облека да ви стои добро, затоа уживајте во експериментирањето.

Носете принтови

Понекогаш девојките бегаат од милионите принтови кои се нудат, бидејќи се плашат дека се преголем залак за нив, и ќе ги засенат. Но високите девојки слободно може да ги носат, бидејќи принтот ќе го одвлече фокусот од висината и одлично ќе изгледа во целост.

Сакате високи потпетици? Носете високи потпетици!

Погрешно е кога луѓето сугерираат дека високите девојки не треба да носат потпетици. Ако веќе и онака сте повисоки од останатите, зошто да не бидете повисоки до крај? Се разбира, не морате, но доколку сакате да носите потпетици, не дозволувајте глупавите застарени „правила“ да ве спречуваат.

Играјте на сигурно

Навистина може да се извлечете со некои класични „финти“. Обидете се да вклучите еден светол елемент во секоја комбинација. Ова важи за сите девојки, независно од тоа дали се високи, ниски или премногу слаби, но особено е важно за високите девојки бидејќи веројатно не сакате облеката да ве носи вас.

Класична комбинација

Оваа комбинација е едноставна и лежерна, идеална за дневни излегувања. Црвениот џемпер и црвениот кармин се вистински погодоци, а обични фармерки и високи чизми ќе го заокружат едноставниот, супер изглед.

Откачено!

Овој фустан изгледа лудо. Брза храна и поп-арт на облека дефинитивно не е комбинација што се гледа секој ден, но, ако на некому ова прилега одлично, тоа е висока девојка. Плус, фустанот нема да изгледа микро-мини на вас. Дополнете го есенскиот изглед со класична кожена јакна, и кога веќе откачувате со вакво парче, би можеле да додадете црвени потпетици. Врзете ја косата во коњско опавче за да постигнете елегантен изглед. [Dressing for Your Body, Which Happens to Be Awesome: Tall Girl Edition]

- Реклама -