Дали сте се запрашале колку чини гардеробата што легендарниот Џејмс Бонд ја има во својот орман? Проста математика.
Доколку сакате да засените некој со вашиот стил на ист начин како што тоа го прави Бонд, тогаш ви се потребни следните парчиња гардероба:
Одело Tom Ford – 2200 евра
Бела кошула со лептир машна Turbull&Asser – 300 евра
Ремен Prada – 178 евра
Чевли Crockett&Jones – 500 евра
Вкупно околу 3,180 евра.
Доколку ви се допаѓа неговата дневна комбинација, цените се следни
Sunspel поло маица која Даниел Крег ја носеше во Casino Royale и Skyfall чинат од 40 до 80 евра, додека сините шорцеви Orlebar што актерот ги носеше во последниот филм чинат 145 евра.
Сцената на плажа од филмот Casino Royalе не би била специфична ако Бонд на себе ги немаше La Perla боксерките за капење во сина боја. Цената им е 65 евра.