Досиеата на ФБИ кои се објавени на интернет за починатата поп-пејачка Витни Хјустон, покажуваат писма од опсесивни фанови како и обиди за уценување.
Во документите се детално опишани сите обиди за уцени кон пејачката, сите закани за смрт како и митото кое таа го давала. На 128 страници кои ги постави ФБИ на нивната веб-страница, може да се прочита за уцените на еден фан, но не се укажува на никакви нови податоци за проблематичниот живот кој го водеше Витни, пренесуваат американските медиуми.
Досието било отворено кога таа беше на врвот на нејзината кариера, измеѓу 1998-та и 1999-та година. Меѓу објавените документи се наоѓале и љубовни писма кои и ги испраќал обожавател од Вермонт.
Исто така, пејачката морала кратко време после нејзиното венчање со музичарот Боби Браун, да плати 250.000 долари на еден нејзин вработен кој и се заканувал дека ќе изнесе во јавноста детали од нејзиниот приватен живот, доколку не му ја исплати бараната сума.
Хјустон примила и љубовни писма и касети од Холандија за кои мислела дека се заканувачки, се наведува во документите.
Витни, позната по нежните балади како и по завосноста од дрога, беше пронајдена мртва минатата година во кадата во нејзиниот хотел во Беверли Хилс, на 48 годишна возраст. Надлежните кажаа дека случајно се удавила во кадата одкако конзумирала кокаин и поради срцеви проблеми.