Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“, направена специјално по повод првото учество на нашата фудбалска репрезентација на едно големо меѓународно натпреварување.
Песната е во изведба на групата ВИС Рисови, а спото е преполт и со низа познати лица, почнувајќи од Игор Стефановски-Иџе во улога на возач на навивачкиот автобус, па до Катарина Ивановска која гордо го вее македонското знаме на Градски.
Првиот натпревар, против Австрија, Македонија ќе го одигра во Букурешт, на 13 јуни. Дотогаш, ве оставаме со химната и рефренот „Одиме на Европско првенство, сонот наш од дество!“.