По речиси шест години, се враќа најпопуларниот анти-херој на Марвел – Дедпул, кој го игра Рајан Рејнолдс. Marvel Entertainment го објави првиот тизер за вториот дел од Deadpool, наречен Deadpool & Wolverine, кој беше прегледан повеќе од шест милиони пати во рок од пет часа.
Откако Дизни го купи студиото Фокс во 2019 година, кое ги имаше правата на адаптациите на X-Men и Deadpool, Deadpool официјално се приклучува на Marvel Cinematic Universe (MCU) во новиот филм, што е очигледно и од самиот тизер.
Тизерот започнува со роденденската забава на Дедпул, која е прекината од Time Variance Authority, последен пат видена во втората сезона на Локи. Во тизерот накратко го гледаме и Вулверин кој го игра Хју Џекмен.
Новиот дел од Дедпул го режираше Шон Леви, режисерот на франшизата „Ноќ во музејот“, кој соработуваше со Рејнолдс на филмовите „Слободен човек“ и „Проектот Адам“. Покрај Рејнолдс и Џекмен, во филмот играат Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфадиен.
Извор: index.hr